Тешка сообраќајка рано утринава, автобус излетал од патот во Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шест лица се повредени на територијата на општина Лазаревац кога автобус на Ласта излетал од патот, потврдија за РТС од сообраќајната полиција.

Несреќата се случила околу седум и пол, на патот Аранѓеловац кај Мали Црљани.

Повредените со Брза помош Лазарев биле пренесени во ургентниот центар.

Нема застој во сообраќајот.