Тешка сообраќајна несреќа во Скопје – 24 годишно момче го изгуби животот, две лица повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 19.08.2021 во 22.05 часот во Скопје, на крстосница на бул.„Јане Сандански“ со сервисни улици, во близина на маркет, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хонда“, управуван од Д.А.(24) од Скопје и патничко возило „ауди А3“, управувано од Д.В.Д.(20) од Холандија и сопатник С.З.(20) од Холандија, и двете со скопски регистарски ознаки.

На местото на незгодата починал мотоциклистот, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош.

Д.В.Д. и С.З. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.