Тешка сообраќајна несреќа во Смедерево – загинаа три лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа се случила рано утринава меѓу автомобил и автобус во српскиот град Смедерево.

Од засега неутврдени причини, автобус преминал на спротивната лента и се судрил со патнички автомобил во кој се превезувале три лица.

Автобус превезувал работници кои се враќале од трета смена на работа, а според неофицијални информации му откажале командите.

Сите тројца патници во автомобилот загинале на самото место на несреќата, а неколку патници во автобусот се повредени.