Тешка сообраќајна незгода го потресе Задар – загинаа две лица, а други две завршија во болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во тешка сообраќајна несреќа која вчера го потресе Задар загинаа две момчиња.

Според информациите на тамошните медиуми, 20-годишен возач со својот автомобил марка „Ауди“, поради големата брзина со која возел, влегол во свиок, удрил во столб на јавно осветлување и влегол во морето.

Фото: Дино Станин/Pixsell
Фото: Дино Станин/Pixsell

Загинале возачот и неговиот сопатник (17), а во болница со тешки телесни повреди, опасни по живот, завршило уште едно 17-годишно момче.

Четвртиот патник, кој исто така се наоѓа во болница, излетал од автомобилот, а неговите повреди се уште се утврдуваат.

Фото: Дино Станин/Pixsell
Фото: Дино Станин/Pixsell

На терен излегле полицијата, итната помош и пожарникарите, а телата од морето биле извадени од нуркачи.