САД подготвени за партнерство со Косово за течен природен гас

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вршителката на должноста во американската амбасада во Косово, Ану Пратипати, соопшти дека учествувала на промоцијата на документот за политики за течен природен гас (LNG), организирана од Американската стопанска комора во Косово, соопшти амбасадата.

Од амбасадата наведоа дека таа истакнала како американскиот течен природен гас, кој е „изобилен и сигурен“, може да помогне во зајакнувањето на енергетската безбедност на Косово.

„Соединетите Американски Држави се подготвени да соработуваат со Косово во унапредување на безбедни и диверзифицирани енергетски решенија, како и во привлекување идни инвестиции. Енергетската безбедност е национална безбедност“, изјави Пратипати.