Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја заврши повеќедневната посета на Кина, за време на која, како што рече, биле потпишани инвестициски договори вредни 953 милиони евра и најави нови проекти во областа на технологијата, инфраструктурата и вештачката интелигенција.
Вучиќ изјави дека се очекуваат нови кинески инвестиции во Србија, особено во јужниот дел на земјата, со потенцијални проекти во Врање, Лесковац и регионот на Пчиња.
Тој нагласи дека соработката меѓу Белград и Пекинг сè повеќе се проширува кон современи технологии, вклучително и производство на хуманоидни роботи, а не само кон традиционални инфраструктурни инвестиции.
