Тестирање на камерите на „Safe city“ до 31 јануари – казни со фотографии за брзина, безбедносен појас и други прекршоци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од денес до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на уредите поставени за надзор на сообраќајот во рамки на проектот „Safe City“.

Од МВР информираат дека тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 08:00 до 20:00 часот, при што за време на овие активности нема да биде дозволено поминување на возила додека не заврши постапката. Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, во емисијата „Click Plus“ соопшти дека казните ќе содржат и фотографии, кои ќе покажуваат дали возачот имал безбедносен појас или дали користел телефон за време на управување со возилото.

„Со самиот факт што во податоците ќе се издаваат казни, сега во форма на опомена што пристигнува во писмена форма, нормално ќе имаме и фотографии. Конкретно ќе може да се види дали возачот имал ставено безбедносен појас“, вели Астрит Исени.

Исени информираше дека законот предвидува мали толеранции на брзината за возачите. За брзини до 100 км/ч дозволена е толеранција од 6 км/ч без глоба, додека за брзина над 100 км/ч толеранцијата е 8 км/ч.

„Толеранцијата до 100 км/ч значи 6 км/ч, така што ако имаме сообраќајна сигнализација со дозволена брзина од 50 км/ч, тогаш до 6 км/ч нема да има предвидена глоба за возачите. Од 57 км/ч нагоре ќе има глоба. Над 100 км/ч ќе имаме толеранција од 8 км/ч, што значи дека дозволената брзина од 100 до 108 км/ч нема да се казнува.“, вели Астрит Исени.

Исени соопшти дека граѓаните ќе имаат можност да ги платат казните и онлајн, како и во најблиските полициски станици. Казните ќе бидат преполовени доколку се платат во рок од 8 дена. По истекот на овој рок, тие мора да се платат во целосен износ, во спротивно ќе бидат испратени на суд. Тој исто така нагласи дека казните ќе бидат достапни и на албански јазик.