Тетово без велосипедска патека, Касами некогаш ги гледаше како Алтернатива, сега вели нема услови

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тетово нема велосипедски патеки, тротоарите се блокирани од паркирани автомобили, па возачите на велосипеди и електрични тротинети се принудени да се движат низ коловозните ленти за автомобили. А за ова секојдневно се соочуваат со казни од полицијата.

Градоначалникот на оваа општина Биљал Касами вели дека Тетово нема улица која ги исполнува условите за велосипедски патеки како што бара полицијата.

-Што се однесува до велосипедската патека, се трудиме да најдеме решенија за автомобилите за граѓаните. Што се однесува до велосипедската патека, немаме улица која ги исполнува условите што ги бара полицијата и другите институции за да може да биде наменета за велосипеди, рече Касами.

Но, два дена пред победата на изборите во Тетово, Касами изјави дека тротоарите и велосипедите се алтернатива за сообраќајниот хаос во Тетово.

-Улиците ќе бидат отворени и ќе има соодветен јавен превоз, не со петте автобуси на Теута Арифи, бидејќи само пет урбани автобуси не им се доволни на тетовци. Ќе има и алтернативен превоз како велосипеди, тротинети и секаква можност тетовци слободно да се движат и навреме да стигнат на саканата дестинација, вели Касами.

Касами на почетокот на својот мандат ја урна велосипедската патека со образложение дека има судска одлука, додека вети дека ќе изгради велосипедски патеки со соодветни стандарди.
Инаку казната за движење со тротинет или велосипед по коловозна лента за автомобили се движи од од 50 до 80 евра.