Тетово без вода за пиење – два извора надвор од функција поради обилните врнежи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обилните врнежи од дожд ги направија нефункционални двата извора кои го снабдуваат Тетово со вода, вклучувајќи го, за првпат, и изворот од Попова Шапка. Властите предупредуваат дека водата не треба да се користи за пиење без претходно да се преврие, бидејќи микробиолошките анализи сè уште не се готови.

„Ова што се случи, никогаш досега не се случило — за првпат имаме матна вода од изворот што доаѓа од Попова Шапка. Имавме матна вода и од изворите на Попова Шапка поради големите врнежи од дожд. Како што знаете, надвор од функција е и филтер-станицата на Тетово, од која добиваме 150 литри вода во секунда. Во моментов имаме 240 литри од изворите на Попова Шапка и се обидуваме со тоа да го снабдуваме градот. Ако времето се подобри денес и утре, очекуваме стабилизација на ситуацијата и повторно ставање во функција на филтер-станицата, бидејќи врнежите ја извадија целосно од функција таа станица што се наоѓа во селото Лисец.“, порача Валон Зеќири.

Во моментов, препораките се водата во Тетово да не се користи за пиење. Од Центарот за јавно здравје велат дека анализите покажуваат дека водата ги исполнува стандардите, но до завршување на микробиолошките анализи останува на сила препораката водата да не се пие или да се преврие пред употреба.

„Првичните хемо-физички анализи се усогласени со правилникот за вода за пиење, а микробиолошките анализи ги очекуваме. До нивното завршување, останува на сила препораката водата да се користи превриена или во шишиња. Убедени сме дека и микробиолошките анализи ќе бидат во ред, бидејќи водата во Тетово е хлорирана и филтрирана.“, вели Ратко Давидовски.

Изворот што го снабдува Тетово од Лешница е надвор од функција, бидејќи зема вода од реката, а паѓањето на лисјата во водата го блокира снабдувањето и филтер-станицата.

Тетово редовно се соочува со проблеми со водоснабдувањето, особено во есен и зима, кога има интензивни врнежи од дожд и снег.