Тетово доби затворен базен – проект вреден 43 милиони денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Учениците од Тетово од денеска ќе имаат на располагање уште една активност по предметот физичко воспитание. Тие ќе имаат можност да ги следат првите часови по пливање. Агенцијата за млади и спорт денеска го изврши примопредавањето на затворениот базен, прв од 14 што ќе се градат во Македонија.

Касами вели дека општината веќе е во преговори со АМС и дека до крајот на годинава се очекува да започне уште еден проект за изградба на атлетско игралиште.

„Станува збор за проект реализиран од Агенцијата за млади и спорт. Ние како општина имаме неколку барања од граѓани за реализација на други спортски проекти, особено за училишни спортови. Еден од нив е за изградба на патека за трчање која беше барање на атлетските клубови. Но, тука ќе има и повеќенаменско игралиште и патека за други спортови“, вели Биљал Касами.

Главниот дел на кој е поставен базенот е долг 25 метри, широк 9 метри и длабок од 0.80 до 1.20 метри. Проектот е финансиран од Агенцијата за млади и спорт и тежи 43 милиони денари.