Тетово, од 55 пријавени гласале 53 – на двајца гласачи им се влошила состојбата, биле префрлени во болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во текот на денешниот ден во Тетово гласале 53 лица кои се во изолација поради пандемијата. Назми Даути од Општинскиот изборен одбор вели дека од барањата кои ги имале до 8 јули, добиле 55 а можеле да гласаат 53 бидејќи на две лица им се влошила здравствената состојба и биле префрлени во болница.

„Во постојан контакт сме со претседателите на изборните одбори и до овие моменти од 55 пријавени гласале 30. Процесот е во тек, поделени се во две групи една група во Тетово а друга во планинските и околните села кои припаѓаат на општина Тетово“, посочи Назми Даути, ОИО Тетово.

ТВ21 ја следеше и специјалната комисија во чиј состав има лекари кои во придружба на  СВР Тетово со цел да им овозможат да гласаат на лицата во изолација.

„Подготвени сме сите како екипа од 7 члена, јас како претседател на комисијата, вкупно до сега гласале 15 лица а на листата се 35. Од 7 часот целата екипа е на располагање, го примила изборниот материјал и потоа е започнат изборниот процес врз основа на протоколите за гласање“, додаде Астрит Незири, Претседател на Комисијата.

Гласачкиот процес се одвива со посебни мерки каде членовите на одборот по секое гласање треба да ги заменат заштитните средства, а во текот на утрешниот ден се очекува да гласаат болните и затворениците.