Тетово, од директорката на гимназијата е побарано оставка – Касами: Немаме луди луѓе во општината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорката на тетовската гимназија, Теута Камбери Лала пријавила во полиција дека во петок била повикана во општина Тетово од страна на Седат Сулејмани. Тој во името на Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, побарал оставка од директорката.

„Во петок бев повикана од Седат Сулејмани. Тој се повикуваше во име на Градоначалникот и ме покани да се појавам во канцелариите на општината. Јас во 15 и 18 минути отидов и го викнав Седат и му кажав дека сум во канцелариите на општината и по 10 минутно чекање се појави и влеговме во општинска канцеларија. Беше заедно со Валедин Адеми. Од страна на Седат беше побарана мојата оставка и тој се повикуваше во името на Градоначалникот. Барав објаснување и средба со градоначалникот“, посочи Теута Камбери Лала.

Директорката вели дека барањето за средба со Градоначалникот била одбиена и според неа нема причини за оставка.

„Што се однесува до својството, јас не знам на што се повикува. Тој управува и со едукативно образовниот процес, поконкретно управува со прашањето на училиштата. Ние имаме група на директори каде се информираме, добиваме инструкции, поставуваме прашања, барања. Имаме вибер група каде Седат е дел од таа група и тоа може лесно да се констатира од надлежните органи“, додава Теута Камбери Лала.

-Со ова сакате да кажете дека Седат Сулејмани наредува како ќе тече наставниот процес во училиштата и е дел од групата?

„Дел е од групата и продолжува да дава инструкции за нашата натамошна работа, имаме и конкретни примери дека господинот Седат наредува како треба да продолжат процесите понатаму“.

-Можете да ни дадете еден пример?

„Јас само ќе ви го кажам последниот пример, ме повика на телефон и ми рече дека ќе дојдат луѓето што ги испратил Седат Сулејмани за да ја добие нивната понуда и да ја пласираат кај учениците за фотографирање на матурантите, ова е  еден од примерите од последниве денови“.

Телефонски контактиравме со Седат Сулејмани, но тој ни рече дека овие обвинувања се невистинити. Тој рече дека неговата дејност е во својство на надворешен советник на претседателот Биљал Касами. Прашавме во општината но од таму ни го кажаа истото.

Седат Сулејмани беше поранешен заменик министер за култура и се уште добива апанажа од 65 илјади денари.

Го прашавме и Касами. Тој не верува дека некој од општината е доволно луд да се заканува некому, а изјавите на директорот ги нарече шпекулации.

„Не знам дали во општината може да има такви лудаци на кои некој официјално се заканува додека сум градоначалник. Немам детални информации за што се работи цел ден денеска бев во акција секако дека ќе има официјални информации но не верувам дека може да има закана до некого за каква било акција што можам да ја преземам. За жал, во нашите училишта имаме и такви директори кои ве тераат да размислувате за такви работи“, вели Биљал Касами.

Касами и во кампањата но и по победата во општина Тетово се пофали дека во никој случај нема да го политизира образованието и дека директорите на училиштата ќе ги избираат самите училишта.