Тетово, опаѓа бројот на заболени со Ковид-19 – „Пациентите со симптоми да се консултираат со лекар“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Состојбата во Тетово  се смирува што се однесува до хоспитализираните случаи и според бројот на починати. Координаторот на Ковид центарот во Тетово, Гзим Нуредини вели дека во моментов има околу 40н хоспитализирани пациенти и дека бројот на отпуштени пациенти од болница расте а тоа покажува дека граѓаните ги почитуваат мерките.

Нуредини апелира да не се прима терапија без консултација со матичен лекар или специјалист и за секој симптом најпрво е потребна консултација со матичен лекар и потоа да се упатат на одделот за заразни болести. Особено повозрасните пациенти и оние со придружни болести никако не смеат да земаат терапија без да ги направат потребните анализи.

Во Тетово и околните општини до сега има 1000 активни случаи, а 155 починале. Од почетокот на пандемијата во овој регион се заразиле над 3800 граѓани. На Клиничката болница во Тетово има околу 55 легла за заразени со Ковид.