Тетово, општината во октомври издвои 3 милиони денари за кучињата скитници – Касами: Блокирани сме, не можеме да менаџираме со сите средства

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Тетово одвои три милиони денари за третирање на кучињата скитници во Тетово. Според претседателот на Советот на општината, тие се во разговори со фирма која ќе се занимава со третман на кучињата скитници, но општината мора да обезбеди прифатилиште.

„За кучињата скитници се издвоени три милиони денари и многу брзо ќе дојдеме до финална фаза на преговори со инвеститор од странство. Доколку успееме да завршиме се како што треба, третманот и стерилизацијата на тие кучиња ќе го направи тоа здружение. Доволно е Општина Тетово да најде место каде ќе ги третира кучињата. Откако ќе го завршиме тој процес, ќе бидете известени“, вели Бесар Дурмиши.

Но, општина Тетово се уште го нема завршено договорот со АМОС ПЕТ, кој беше потпишан во август изминатава година. Градоначалникот Биљал Касами вели дека поради блокираната сметка наишол на неколку пречки.

„До оваа фаза сме задоволни, но имаме и други проблеми, кои за жал се поврзани со сите други проблеми, бидејќи општина Тетово не може да се снајде со средства и финансии, па затоа сме блокирани и затоа што не можеме да управуваме  дел од  договорот , не можеме да продолжиме со проектот“, порача Биљал Касами.https://youtu.be/BO2uL_67vl8

Врз основа на анализа направена од здружението кое се занимава со отстранување на кучињата од улица, во Тетово има над 500 кучиња скитници, додека општината со ова здружение има потпишано договор за третирање на 80 кучиња. Според еден извештај, во првите шест месеци од изминатата година, во Тетово на секои шест дена по еден граѓанин бил каснат од кучиња скитници.