Пешаците често пати се жртви во сообраќајот. Во Полошкиот регион во последните 3 месеци едно лице го загубило животот во сообраќајна несреќа а 25 биле повредени. Од СВР Тетово односно секторот за патен сообраќај велат дека граѓаните и возачите треба да бидат повнимателни.
Професорот за сообраќај, Блерим Неими вели дека во Тетово и регионот нема доволно сообраќајни знаци.
-Возачите да бидат повнимателни. Сигнализацијата во сообраќајот да биде што поприсутна, а исто така да се почитува и од страна на пешаците. Да не ја преминуваат улицата на места каде што не е дозволено, да ги почитуваат пешачките премини, светлосната сигнализација. Анализите кои ги правиме во последно време покажуваат дека треба да има повеќе осветлување на места каде возачите имаат повеќе простор за побрзо возење, Неими.
Во 2021 во Полошкиот регион имале 4 жртви од кои 3 биле пешаци. Поради тоа и од СВР Тетово велат дека ги засилиле контролите и за пешаците но и за возачите кои возат со голема брзина. Експертите исто така препорачуваат во основните училишта да се воведе предмет за сообраќајот.
