Тетово „плива“ во отпад – Етеми: ЈКП потфрли и со новиот директор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со пристигнувањето на печалбарите, низ Тетово може да се забележи и поголема количина отпад.

Од општината пред неколку дена за ТВ21 рекоа дека ги зголемиле капацитетите за чистење, но и покрај тоа градот „плива“ во отпад.

Со реакција излезе партијата Алијанса за Албанците, која упати остри критики на адреса на општината и Јавното комунално претпријатие.

„Општина Тетово постојано ги менува директорите, но состојбата останува иста. За чудење е како Јавното претпријатие влегува во долгови, ги остава работниците без плата, без осигурување, а потоа пак продолжува со работа. Ова не треба да се толерира. Јавното претпријатие го смени директорот пред два месеца. Ние очекувавме промени, но никакви промени не се случија, туку напротив на секој ќош наидуваме на отпад“, посочи Музафер Етеми.