-Оштетена е од водата, не може да се движи?
-Другар ми викна влечна служба да дојде и да ја земе бидејќи не пали од водата.
-Каде застана?
-Еве овде.
-Ги обезбедивме куќите за водата да не влегува во подрумите. Влегува од сите страни од улицата 166, од улицата Речица, од сточниот пазар, потоа од населба 172, бидејќи тука има дупки се полни, овој проблем го имаме со децении, од времето на Садиу, Теута, Биљал, баравме интервенции, мерки нема.
-Ако врне, пак истото ќе биде. Ова сè се полни со вода. Оваа канализација нема капацитет, бидејќи доаѓа од таму, ене од онаму доаѓа водата наваму, кај сите се поплавени подрумите.
-Се гледа дека штетите се значителни во куќите каде што навлегла вода и ова е резултат на…велам секако поради поројните дождови, но и поради некои проекти кои не се реализираа согласно стандардите, тоа подразбира дека атмосферската канализација не е реализирана врз основа на потребните стандарди. Во координација сме да го свикаме Кризниот штаб и да видиме да ги сплотиме силите и што побрзо да интервенираме за да го санираме проблемот. Самата ситуација на терен покажува дека општината воопшто не била подготвена за вакви ситуации. Уште еднаш ќе кажам дека состојбите се констатирани многу порано од УНДП, особено во однос на атмосферската канализација, но не е интервенирано-рече Биљал Касами.
