Полицаец од СВР Тетово е заразен со Ковид-19. ТВ21 дознава дека полицаецот користел боледување поради други здравствени причини, меѓутоа поради одредени лични обврски се пријавил во полициската станица каде имал контакти со неколку колеги. Од СВР Тетово велат дека до сега во изолација се 20 полицајци на чие место е поставена замена за пополнување на кадарот во овој сектор.
„Припадник на полицијата е позитивен на Ковид-19, така што СВР Тетово веднаш презело мерки и потреби активности поврзани со конкретниот случај, така што колегата е во изолација во домашни услови и ќе го продолжи лекувањето дома бидејќи е во добра здравствена состојба, а извршена е и епидемиолошка анамнеза врз припадници на полицијата кои биле во директен или индиректен контакт со него. Така што, истите ќе бидат во домашна изолација во домашни услови“, истакна Фатмир Реџепи.
Позитивна на Ковид-19 е и медицинска сестра вработена во болницата за белодробни заболувања и туберкулоза во село Лешок, општина Теарце. Од оваа болница велат дека таа сигурно е заразена од надворешни посетители, бидејќи во болницата работат во екипи, а во текот на овие денови немало работа и немала контакт со пациенти. Во карантин се само 6 колеги од работа кои работеле заедно. Земени се брисеви и се чекаат резултати.
