Преполни контејнери опколени со отпад. Околу нив можете да забележите и улични кучиња посебно во близина на месарниците. Овој проблем постојано ги загрижува тетовци.
„Може да се забележи недостигот на контејнери бидејќи во зградите каде има 20-30 станови, има само 2 до 3 контејнери и тие се полнат многу брзо. Тоа е комплексен проблем за кој е потребно решение, но никогаш немаше волја од Општина Тетово за да се реши тоа прашање и да се обезбедат уште контејнери, но многу сме далеку од тоа што е потребно“, посочи Арјанит Џафери, Еко Герила.
Од ЈКП Тетово велат дека тие работат на чистење на контејнерите секој ден и дека го зголемуваат бројот на кантите за отпад.
„Секторот за хигиена при ЈКП Тетово – Тетово, врши собирање, акумулирање и депонирање на отпадот секој ден според планот за работа. Исто така го зголемивме бројот на контејнери на главните улици со цел да имаме почиста средина. Но последните денови имаме зголемување на количината на отпад поради тоа што во руралните општини нема постојано собирање на отпадот и имаме зголемување на градежен шут фрлен во несоодветни места од несовесните граѓани“, соопштија од таму.
Ова ситуација се очекува да се влоши во текот на летото кога во Тетово се враќаат печалбарите и имаме енормно зголемување на бројот на жители, а тоа влијае врз зголемувањето на количината на отпад. Од локалните власти нема никаква најава како ќе се менаџира таа ситуација.
