Новата градинка изградена во во Тетово, не е пуштена во употреба бидејќи Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика не ги одобриле решенијата за кадарот. Ова го вели директорката на градинката која додава дека новиот објект не може да се покрие со сегашниот кадар.
„Сме во постојан контакт со Општина Тетово. Во Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии, значи, се уште немаме ништо официјално кога ќе се направи отворањето на градинката, но ние имаме имотен лист. Градинката е регистрирана во Општина Тетово и наскоро ќе и биде дадена во употреба на нашата градинка „Риниа“. Но со кадарот кој го имаме не можеме да отвориме нова градинка. Ние во МТСП и Министерство за финансии доставивме наше барање за вработување на едукатори и наставници, но добивме негативен одговор, а за другите барања чекаме одговор“, вели Линдита Јахја.
Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, прашан во врска со доцнењето за пуштање во употреба на новата градинка, рече дека како Општина направиле се што е можно но сега е потребно поддршката од централните институции за да се стави во функција новата градинка.
„Иако трае повеќе отколку што треба за пуштање во употреба на новиот објект на градинката која се наоѓа кај училиштето Кирил и Методи, и за делот на вработување на нов кадар, нешто што претставува траен проблем на градинката. Ние како општина сме нуделе наша помош“, порача Биљал Касами.
Новата градинка е финансирана од меѓународни фондови и е реализирана од страна на Владата на РСМ, преку Министерството за труд и социјална политика.
