Иако започна поставувањето на клупи и осветлувањето на булеварот „Илирија“ во Тетово, тоа се одвива со бавно темпо. Градоначалничката, Теута Арифи вели дека поставувањето на клупите и осветувањето има свое темпо и истите ќе се постават според предвидената динамика.
„Што се однесува до Булеварот Илирија, координирано се продолжува со поставувањето на клупите и осветлувањето, има свое темпо, може да биде бавно – брзо, но тоа е во тек“, посочи Теута Арифи.
Овој булевар почна да се уредува во 2017 година, но истиот се уште не е завршен. На почеток, општина Тетово вети шеталиште според сите стандарди. Работите за изградбата на шеталиштето почнаа брзо, но крајот никако да дојде.
Според првичниот план, на булеварот беа предвидени и вкупно:
- 73 метални столбови
- 12 чешми за вода за пиење
- 75 огради за заштита на дрвјата
- 22 корпи за отпад,
- 32 конструкции за паркирање на велосипеди
- 233 дрвени клупи
Овој булевар на општина Тетово ја чинеше над 70 милиони денари.
