Време на одмори е кога граѓаните сакаат да се освежат на море или некое друго место, но колку можат да си го дозволат тоа? Повеќето од нив што ги сретнавме на улиците низ Тетово велат дека стандардот и живеачката со една или две плати, или со пензија, не им дозволува одмор на плажа.
-Со што да одиме, со пари треба да одиме, пензионер сум, парите што ги земам ги давам за лекови, секој месец по 5-6 илјади денари за лекови да купиме, сега и на одмор да одиме некаде, дома ќе седиме најдобро отколку на одмор. Не стигнува, да беше со кредит, ќе одев.
-Во Турција сум бил, најубаво е, евтино, добра услуга, времето убаво, планирам да одам на море, само внимателно бидејќи има ајкули,ок.
-Какви одмори, ние сме пензионери за да одиме на одмор. Скапо е, овде пензиите се ниски и не стигнуваат за ништо.
-Не, не, не стигнува, скапо е, нема пари.
Туристичките агенции велат дека оваа година Турција е омилена дестинација за тетовци. Има покачување на цените а во споредба со минатата година, оваа година е намелен интересот.
-Оваа година цените се поскапи во некои ресорти, исто и во Албанија но и во Турција, интересот оваа година е повеќе за Турција бидејќи цените и условите се поповолни, тоа се забележува, рече Бесим Рауфи.
За оваа година во Албанија цените се покачени за околу 20%.
