Тетовци читаат книги. Според библиотекарката Ѓилтене Ајрули, во текот на денот во библиотеката во Тетово доаѓаат околу 350 редовни читатели.
„Со целосна сигурност можам да кажам дека и во текот на летната сезона библиотеката е доста фреквентна. Во овој период библиотеката е посетена од читатели, оние кои ја сакаат книгата и живеат со книгата, за разлика од претходните години, заради пандемијата имаше благ пад, но библиотеката и понатаму е доста фреквентна. Најредовни читатели се од средната категорија, вработени, домаќинки. Имаме пад кај средношколците, но со почетокот на учебната година тие ќе бидат присутни и во библиотеката во Тетово. На 200 квадрати работиме и зборувам за дневната статистика на над 350 читатели, зборувам сега кога сме со скратено работно време“, вели Ѓилтене Ајрули.
Според Ајрули, оваа библиотека брои околу 8.000 членови, додека 5.300 се активни и редовно читаат.
„Вкупниот број е над 87.000, но има 5.300 активни читатели. Повторно можам да кажам дека години наназад имаше 6 илјади читатели и имаме благ пад. Причините не се познати, ќе правиме истражувања и студии, но сепак просекот е секогаш 5300 редовни, зборувајќи општо дури и во секторот за деца и возрасни, тие се активни и оваа бројка е сосема задоволителна ако направиме едноставна споредба“ вели Ѓилтене Ајрули.
Библиотеката има простор од само 200 метри квадратни, додека внатре има над 120 илјади наслови. Новиот објект на библиотеката во Тетово, иако почна да се гради пред осум години, сè уште не е завршен..
