Тетовци се жалат на улици со дупки – општината издвои 10 милиони денари и почна да ги санира

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Улиците во Тетово почнаа да се санираат со бекатонки. Општина Тетово организираше акција за нивелирање на шахтите, меѓутоа поголемиот дел од улиците и понатаму се делумно оштетени.

Граѓаните и возачите велат дека улиците се во многу лоша состојба и дека си ги оштетуваат автомобилите.

„Што да кажам. Како што гледате улиците во градот се за никаде“.

„Состојбата на улиците е катастрофална, и пеш да одиш ќе се сопнеш, дупки, сѐ и сешто. Има инвалиди, жени со колички. Проблем е“.

„Сите улици се оштетени. Јас живеам во центар, ни едно село не е како што е нашата улица. Каде и да одиш насекаде има дупки“.

Од Општина Тетово велат дека се предвидени 10 милиони денари, а санирањето на дупки со бекатонски плочки го прави компанијата која минатата година го добила тендерот, но истата не ги довршила градежните активности.

„Наскоро ќе се распише тендер за санирање на дупките во вредност од 10 милиони денари со ДДВ. Санирањето на дупките со бекатонки го изведува компанијата која го доби тендерот минатата година за интервентни работи“, велат од Општината.

Во 2021 година Тетово издвоила 7 милиони и 250 илјади денари за санирање на дупките и по добивањето на мандатот, Биљал Касами почна со нивна санација, но истите по неколку месеци повторно беа оштетени.