Првпат по 40 години од основањето, во единицата „Тигри“ ќе се вработат и Албанци. Ова му било ветено на првиот вицепремиер Артан Груби, кој рече дека со ова се „крши“ отпорот во една единица, чии врати до вчера беа затворени за Албанците.
-Добив ветување во присуство и на премиерот, и на министерот за внатрешни работи, и на командантот на таа единица дека ќе бидат вклучени и Албанци, особено во последниот конкурс во кој се предвидени 30 Албанци-рече Груби.
Но, потоа Груби дообјасни дека на овие 30 работи места ќе се вработат Албанци, зависно од тоа колку ќе ги поминат обуките и дали ќе прифатат да влезат во „Тигри“.
ТВ21: Значи досега зависело од командантот што нема Албанци?
А.Г: Не, не, ви кажав и претходно…
ТВ21: Па како не, двапати го менувате муабетот…
А.Г: Ти кажав и порано дека конкурираа и Албанци, но се повлекоа во текот на процесот на обуки.
ТВ21: Двапати рековте – ми рече командантот..
А.Г: Командантот ми рече дека е отворен и дека во оваа единица треба да има и Албанци.
ТВ21: Е сега „треба да има“ и „ќе има“, повторно го менувате муабетот…
А.Г: Јас ви реков дека 30 лица од последниот конкурс за 600 полицајци, кои се во процес на обучување, вежбаат за да станат дел од оваа единица. Колкумина од нив ќе завршат и колкумина ќе бидат примени, тоа е веќе друго прашање…
Груби вели дека досега имало Албанци кои биле дел од обуките, но дека потоа се повлекле, одбивајќи да станат дел од единицата „Тигри“. Говорејќи за неговото присуство на настанот по повод одбележување на годишнината на оваа единица, првиот вицепремиер рече дека неговото присуство било симболично и дека имал покана, но не одговори дали еден ден ваква покана ќе му испрати на премиерот Заев за оддавање почит на паднатите борци Албанци? 20 години од вооружениот конфликт и по потпишувањето на Охридскиот договор, Груби со став дека е време за помирување.
А.Г. -Ние го направивме нашиот чекор, сега нивен е редот да направат чекор кај спомениците на борците на УЧК.
ТВ21: А, ќе го земете со себе и г.Заев? Ќе му испратите покана да дојде и да им оддаде почит на жртвите Албанци?
А.Г: Зошто да го земам? Ниту тој ме зема мене, ниту јас него.
ТВ21: Добро, но можете да му испратите покана…
А.Г: Водиме процес на помирување кој е неопходен и кој го сакаат Албанците, бидејќи не може да се живее во вечно непријателство. Затоа треба да собереме храброст едни со други, да простиме, но никогаш да не заборавиме.
Првиот вицепремиер Груби исто така објасни дека плакетата што ја доби од „Тигри“ не е благодарница, туку новото лого на единицата со новото уставно име. Пред споменикот не се поклонил бидејќи, како што рече „во нашата култура му се поклонуваме само на Господ, а на останатите можете да им оддадеме почит со присуство“.
