Епидемијата на „Ковид-19“ не претставува закана само за здравствениот и економскиот аспект туку изгледа дека најголеми последици ќе има и во социјалниот аспект. Изолацијата дома создаде многу навики кај граѓаните на нашата земја, но и низ целиот свет. Рестриктивните мерки и недостатокот на рутински активности ги натера граѓаните да станат зависни од социјалните мрежи.
Една од најкористените апликации во текот на овој период е апликацијата „Тик Ток“. Според податоците од Плеј Сторе, ова апликација ја преземале над 1 милијарда лица.
А апликацијата Тик – Тик ја користат и младите од нашата земја – ова може да се заклучи според анкетираните лица од ТВ21.
Граѓанин: „Јас. Во текот на пандемијата“.
Новинар: Дали сте биле многу активни?
Граѓанин: Не. Не ми изгледаше многу атрактивна и пред дена ја избришав.
Има и такви кои не користат Тик Ток но сепак затворањето дома ги направило позависни од социјалните мрежи.
Граѓанин: Не, се уште не сум инсталирал.
– Дали во текот на пандемијата станавте позависни од Ковид-19?
Граѓанин: Да, да, бевме поактивни.
– Истите, Снап Чат, Инстаграм.
Граѓанин: Не, не сум инсталирал.
– Дали користите социјални мрежи?
Граѓанин: Да . . . Инстаграм?
– Во текот на пандемијата, дали сте потрошиле повеќе време на социјалните мрежи?
Граѓанин: Да, нормално, повеќе време бевме дома.
Масовното користење на оваа апликација од социјален аспект се гледа како многу штетно. Социологот Али Пајазити ги објаснува психолошките последици.
„Од социјалните мрежи Тик-Ток се развива брзо и создава мрежа на генерација која станува зависна, мрежа која во 15 секунди има и глас и видео. Тие максимум 60 секунди имаат голем ефект во насока на „перење мозок“ и влијание врз психологијата на младите. Во еден момент таа претставува фасцинантна забава, но е толку брза што не му дозволува на човекот да размисли. Го вади од колосекот на секојдневието“, истакна Али Пајазити.
Нашата земја не презеде никакви мерки, иако имало случаи кога мета на напади биле малолетни лица и вработените во администрацијата.
Додека нашата земја дозволува непречена употреба на оваа апликација, некои држави ја забранија. На пример Јапонија ја забрани оваа апликација со донесување на Закон за национална безбедност, додека компанијата Амазон им забраниле на своите вработени да ја користат. САД најави забрана за употреба, затоа што Тик – Ток е во сопственост на ByteDance, кинеска компанија, поради можноста за спроведување на шпионажа со дистрибуирањето на лични податоци на Американците во оваа апликација.
