Државниот советник во Секторот за европски прашања, Драган Тилев вечерва во емисијата „21 Анализа“ на ТВ21 истакна дека можеби нема да има консензус за уставните измени, но вели дека мора да има за реформите.
„Нема да престане процесот на реформи, на приближување на нашето законодавство кон законодавството на ЕУ во никој случај, нема таква најава, нема ни причина. Тоа значи дека реформите ќе мора да продолжат. Реформите не се спроведуваат, и не треба да се третираат како обврска само заради процесот“, вели Тилев.
Тој додава дека нема никаква дилема во кој правец треба да се движиме, и дека сега е моментумот и можноста!
Целата изјава во продолжение:
