Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во емисијата 10 Минути на ТВ21, истакна дека граѓаните на Македонија, како што рече, од година во година живееле се посиромашно, а поскапувањето на цената за електрична енергија било шок и за граѓаните и за компаниите, тој кажа дека ќе предложеле намалување на процентот на ДДВ за струја.
„Ние како политичка партија и како пратеници ќе предложиме намалување на ДДВ-то на цената на струјата, што би значело олеснување на цената на струјата за граѓаните и компаниите“, посочи Тимчо Муцунски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
