Белата куќа активно ги проучува плановите за евентуално укинување на санкциите против Русија, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, администрацијата на САД им наложила на Државниот департмент и Министерството за финансии да изготват список на санкции што би можеле да бидат предмет на разговори со руските власти во наредните денови. Ова е дел од пошироките напори за подобрување на дипломатските и економските односи со Москва.
Истите извори тврдат дека во моментов се подготвува предлог за укинување на санкциите против одредени правни и физички лица, меѓу кои и некои руски олигарси.
Конкретното барање на Белата куќа за ваков документ во последните денови укажува на подготвеноста на претседателот Доналд Трамп и неговите советници да ги ублажат санкциите како дел од потенцијален договор со Русија, наведува агенцијата.
