Тинејџер убил две лица во напад со нож во Чешка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две лица се убиени утрово во напад со нож во продавница во градот Храдец Кралове, Чешка, од страна на чешки 16-годишен тинејџер кој набрзо бил уапсен, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека еден тинејџер тешко повредил две жени со нож кои подоцна им подлегнале на повредите и покрај напорите на итната помош да ги спасат, објавија чешките медиуми. 

Мотивот за злосторството засега не е познат , соопшти полицијата, додавајќи дека во близина на продавницата е пронајден нож со сечило долг околу 20 сантиметри.

Истрагата за нападот е во тек, а полицијата соопшти дека ситуацијата е под контрола и дека нема повеќе опасност за граѓаните.