Тлото повторно се тресе – земјотрес со јачина од 4,7 степени кај Крит

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер денеска е регистриран во близина на островот Крит, соопшти атинскиот Национален институт за геодинамика.

Епицентарот на земјотресот бил на 95 километри западно од градот Палеохор, на длабочина од 12 километри, пренесува АНА.