„ТНТ“ почна од почеток, адвокатите го оспоруваат обвинителот како и „бомбите“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Случајот „ТНТ“ за рушењето на станбениот комплекс Космос на бизнисменот Фијат Цаноски, денеска почна од почеток со воведни зборови на адвокатите, кои побарале одложување.

Поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски, после отсутво поради боледување, се појави во судница иако имал уште денови од боледувањето откако беше претепан. Адвокатите побараа да се прекине расправата оспорувајќи ја надлежноста на јавниот обвинител Бурим Рустеми од веќе згаснатиот СЈО како и бомбите како докази.

– Сите разговори кои ги изведовте и сите транскрипти и СМС пораки од нелегалното следење на комуникациите, Вие како судечки совет треба и мора да ги отстраните од списите од предметот и почетокот да го одложите до моментот кога кога ќе биде донесен законот за јавно обвинителство, рече адвокатот Еленко Миланов.