Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, само ги потврди ставовите на премиерот Христијан Мицкоски, дека има информации за обиди на ДУИ да ја дестабилизираат земјата.
Сепак, Тошковски кажа дека граѓаните нема потреба да бидат загрижани.
„Не треба да бидат загрижени граѓаните за безбедносната состојба во Македонија, Министерството за внатрешни работи и останатите институции ќе одговорат соодветно во рамки на законските надлежности“, рече Тошковски.
Во гостување на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, Тошковски вели точно е дека постојат информации кои се во оваа насока и нагласи дека граѓаните треба да бидат запознаени со сите факти коишто се од интерес за јавноста.
– Точно е дека постојат информации коишто се во насока кон тоа што го говори премиерот и сметам дека јавноста треба да биде запознаена со сите факти коишто се од интерес за јавноста, а ова е секако во интерес на јавноста. Едноставно кажано, факт е дека е тешко за некој којшто 20 години бил на власт да прифати да биде опозиција, нагласи Тошковски.
