Никола Тодоров смета дека протестот на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев е голема грешка.
Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека ВМРО-ДПМНЕ не смееше никако да го стави Гоце Делчев меѓу ЕУ и Македонија, алудирајќи на насловот на протестот: Македонија, ЕУ и Гоце Делчев.
„Голема грешка беше оној протест за Гоце Делчев. Тој беше насловен како Гоце Делчев, ЕУ и Македонија. Го ставивме Гоце меѓу ЕУ и Македонија. Тоа е опасно“, коментираше Тодоров.
