Тодоров: Нов клинички никогаш нема да се направи „Со 500 милиони евра можеме да направиме здравство како во Швајцарија“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Никогаш нема да се реализира проектот за нов клинички центар, смета екс министерот за здравство Никола Тодоров. Наместо да се гради на нива, клиниката треба да се направи во центарот на главниот град, односно на просторот каде што веќе се наоѓа комплексот болници

Тодоров планирал клиничкиот центар да се гради на постоечката локација, каде биле предвидени и две катни гаражи со капацитет од по 1250 паркинг места. Овој концепт вели дека го копирала и реализира Србија каде веќе е пуштен во употреба новиот објект.

И министерот за здравство Беким Сали исто како и неговиот претходник, Венко Филипче, смета дека проектот треба да се реализира некаде на периферија. Сали пред неколку дена рече дека се уште не е одредена локација.

Во февруари 2019 Владата донесе одлука во општина Ѓорче Петров на површина од 90 хектари, на државно земјиште да се изгради новиот клинички центар на таканаречената локација Веле Поле. Веста ја соопшти екс министерот за здравство Венко Филипче. Но со овој проект не се согласуваше опозициската ВМРО-ДПМНЕ која го блокираше предлог законот во Собранието со над 2 илјади амандмани.