Тодоровска: Бараме субвенционирање на сервиси – жените пообразовани од мажите, а помалку вреднувани

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Околу 50-тина јавувања има месечно на СОС  бесплатната мобилна  линија за родова рамноправност за пријавување на психичко, физичко, економско, сексуално насилство. Во кои домени најмногу се кршат женските права, одговара Претседателката на СОЖМ, Савка Тодоровска. Таа вели дека сепак има исчекор, но не може да се зборува за родова еднаквост .

„Имаме само 40% во парламентот од женската популација и во советите на локално ниво, 50 % сме од населението. Но, затоа нема Претседател на држава, нема Премиер, нема Претседател на Собрание. Имаме само шест градоначалнички од 80 општини“, истакна Савка Тодоровска.

Жените треба да имаат поголема подрршка од општеството. Се уште се растргнати помеѓу домашните и професионалните обврски.Треба да им помогне државата со субвенционирање сервиси-предлага Тодоровска. Така ќе можат да одговорат со полн капацитет  на работните обврски.

„Затоа жените имаат пониско вреднувани работни позиции, затоа се и понеплатени. Затоа што нивните работни позиции се со помала вредност на претпријатието. Па и сега во пандемијата и во други ситуации кога има отпуштања, први на удар се оние чии работни позиции се помалку клучни за работата на претпријатието“, додава Савка Тодоровска.

За 10% повеќе жените се со високо образование, магистерски и докторски титули  од машката популација.