„Тој доаѓа“ – ДУИ со нова кампања – Ковачевски за премиер Албанец: Ние ги почитуваме договорите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

“Тој доаѓа“ е слоганот на последната кампања на ДУИ. Прв ја објави Артан Груби а потоа и други функционери и активисти на ДУИ. Го прашавме Груби за што станува збор, но не одговори. Но изгледа дека ДУИ го најавува првиот премиер Албанец на Северна Македонија.

За првиот премиер Албанец во последните 100 дена од оваа Влада се договорија лидерот на ДУИ, Али Ахмети и тогашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Но, дали ќе го почитува овој договор и дали ќе ја отстапи својата позиција сегашниот премиер Димитар Ковачевски?

За ова беше прашан и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски но тој не одговори директно туку побара предвремени парламентарни избори, без потреба да се бира Техничка влада.

На прес конференција, Ковачевски кажа јасно дека предвремени избори нема да има туку само редовни.

Инаку ДУИ на последната изборна кампања ветуваше дека доколку утре победат на избори, Насер Зибери ќе биде премиер Албанец на Македонија. По договорот со Заев за владина коалиција, се согласија во последните 100 дена на владата, ДУИ да предложи име за премиер Албанец.