13 годишниот Филип Стојановски има ретко генетско заболување, но тоа не е пречка заедно со неговиот татко кој професионално се занимава со музика повеќе од 20 години рачно да го изработат овој сет тапани. Околу четири години траела изработката од американско ореово дрво, проследена со заемна дружба помеѓу таткото и синот и незаборавни моменти. Како што можете да забележите на самите тапани има делови од мозаик или популарни „пазл“ што се симбол на дечиња со ретки болести.
„Филип има 13 години, со ретко генетско заболување X-Фрагиле кое настанува уште во создавањето на плодот, недостасува тој X –хромозом којшто е проблематичен во понатамошното живеење. Тој е здраво право дете кое функционира нормално, но психо-социјалниот момент недостасува кај него.“, изјави таткото Сашо Стојановски.
Од овие инструменти и нивната љубов пред се „се раѓа“ авторскиот албум на Сашо со џез музика посеветен на Филип. На омотот на албумот е нишалката на која Филип растел, јадел, се забавувал, а на задниот дел од корицата со ракописот на детето се испишани насловите на нумерите.Носечката нумера е во изведба на Џон Илија Апелгрин.
-Би рекол дека ова е сублимат на 13 годишна би рекол инспирација, бидејќи 13 години го имаме моментот на секојдневие со Филип, талкаме и бараме решение и подобри услови. Конечно после 13 години сакав ова да се обзнани, да бидеме малку погласни и да бидеме пример за другите родители, за општеството и општествената одговорност на самата власт и на самата држава, бидејќи на крајот на краиштата се водевме од тезата да размислуваме глобално, а да делува локално-рече Стојановски.
Промоцијата на проектот „Дифрент “ кој има хуманитарна димензија ќе се одржи на 25 септември во МКЦ со почеток во 21 часот, а е поддржан од Министерството за култура, институции и организации. Донираните средства на телефонскиот број
Графика
143 402 и
143 470
ќе бидат искористени за подобрување на условите во училиштето „Невена Георгиева Дуња„ во Кисела Вода каде учи Филип, но каде има и најмногу ученици со попречености во развојот.
