Поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер истакна дека „интервенцијата на НАТО пред 25 години била вистинска одлука“ и дека „застанува со граѓаните на Косово“, пренесува Репортерс.
„Да се биде тука буди длабоки емоции. Им честитам на народот на Косово за нивната храброст и непоколеблива решителност да го искористат за ослободување на земјата. Тогаш бев убеден дека тоа е вистинската одлука и денес стојам со народот на Косово“, рече Блер на заедничката конференција со претседателката на Косово, Вјоса Османи.
Блер додаде дека очекува Косово во иднина да стане дел од Европската унија.
„Тука се случуваат многу позитивни работи кои се добри за целиот свет. Едвај го чекам денот кога Косово ќе го заземе своето место во европското семејство.“, рече Блер.
