Тортевски: Медиумите се голем фактор во сузбивањето на корупцијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Адвокатот Александар Тортевски смета дека е сериозна индицијата за отпочнување на постапка од страна на Основното јавно обвинителство.

„Ако се додаде на тоа дека автор на софтверот е Драги Рашковски, кој што подоцна успеал некако да му го продаде на МВР, односно да го набави за потребите на МВР, а од таму викаат дека не им е потребен, тоа е сериозна индиција за ОЈО да покрене постапка и многу е добро што ја покренува по допрен глас“, посочи Тортевски во дебатниот магазин „Click Plus“.

Тој додава дека медиумите се, исто така, голем фактор во сузбивањето на корупцијата

„Крајно време е официјалните наши органи да покренуваат постапка, една од обврските и на медиумите е да ги следат ваквите случаи и истражувачкото новинарство е сериозен фактор во борбата против криминалот и корупцијата во цел свет“, додава Тортевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: