Тошковски: Неколку фирми произведувале канабис кој не можел да биде употребуван за медицински цели

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Околу големата заплена на марихуана во Македонија, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Клик Плус“ на ТВ21, кажа дека дел од компаниите произведувале канабис, кој не можел никако да биде употребуван за медицински цели. И токму тоа е заплената.

„Добар дел од компаниите кои се основани во последните 4-5 години, имаме основано сомнение дека канабисот кои го прозведувале во најмала рака, скоро невозможно е да бил употребуван за медицински цели. Кога го смениле правилникот во 2023 година, односно донеле сомнителен правилник, со кој се овозможиле услови да се произведе канабис со сомнителен квалитет, кој добар дел од експерти од фелата велат дека е многу тешко да биде употребен за медицински цели. Затоа што го нема потребниот квалитет, не е чуван во контролирани услови од тип на потребна влага, светлина и така натаму, односно не се вложени доволно финансии за да се создадат тие контролирани услови“, изјави Тошковски.