Тошковски – Сјаојан: Продлабочување на соработката и зајакнување на партнерството во областа на безбедноста

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Н.Е. Џианг Сјаојан.
На средбата беше изразено взаемно задоволство од досегашната соработка, при што беше оценето дека билатералните односи во областа на внатрешните работи бележат позитивен развој и се темелат на заеднички принципи и интереси.

Посебен акцент беше ставен на интензивирање на активностите во борбата против илегалната миграција, како и на продолжување на редовниот дијалог и координација меѓу надлежните институции.
Соговорниците се согласија дека стратешките цели на двете држави остануваат приоритет, при што беше истакнато дека унапредувањето на соработката ќе придонесе за нивна поефикасна реализација.

Средбата се одвиваше во конструктивна и пријателска атмосфера, со заедничка оценка дека постои силна основа за понатамошно зајакнување на партнерството меѓу двете земји.