Франческо Тоти, еден од најврвните поранешни фудбалери во светот, почна соработка со компанијата „Комодита Хоум“. Со овој проект кој се смета за историски и еден од најголемите на Балканот, римскиот гладијатор официјално стана заштитно лице на „Комодита Хоум“. Тоти не се двоумеше да рече дека му е чест што е дел од овој регионален проект. Некогашната „10-ка“ на Рим и италијанската репрезентација, изјави дека соработката со „Комодита“ ќе биде едно убаво патување.
„Како што реков, јас и „Комодита“ сме две многу важни нешта. Тоа значи дека заедно ќе оствариме многу големи работи“, вели Франческо Тоти.
Официјално е потврдено дека над 50 илјади душеци ќе го носат потписот на Тоти.
Директорот на „Комодита Хоум“, Ерол Шаби, рече дека е чест и задоволство што остварува ваква историска соработка со Тоти.
„Ова е добра вест не само за нашиот бренд, туку и за нашиот регион. Ваквите соработки влијаат доста добро врз промовирање на земјата на глобално ниво и информирање на светот за квалитетот на производите што можеме да ги понудиме. Многу сме задоволни што најновата иновација на душеци ќе биде лансирана на пазарот со ѕвезда како Франческо Тоти“, вели Ерол Шаби.
Директорот Шаби се надева дека проектот со Тоти ќе биде инспирација и за други соработки од ваков вид во иднина.
