Фудбалскиот клуб Барселона од Гвајакил соопшти дека во вторникот починал неговиот фудбалер Џастин Корнехо.
Клубот кој во среда требаше да го одигра натпреварот од Копа Судамерикана објави повеќе детали, но тие се појавија во медиумите.
Локалните весници објавија дека резервниот голман бил пронајден во несвест под туш пред да биде однесен во болница во неделата
Поради ова се смета дека имал фатален пад и удрил со главата во бањата, по што добил „мозочна смрт“ и починал.
Соиграчите преку пораки на социјалните мрежи се простија од него, а Дилан Луке испрати трогателна порака.
„Ме боли што мораме да се збогуваме, но утеха наоѓам во прекрасните моменти кои ги споделивме со тебе, ти секогаш беше одлична личност, пријател и брат. Ти велам „збогум“ со љубов, чекајќи го денот кога повторно ќе се сретнеме. Денес, небото доби нова ѕвезда и иако ќе ни недостигате овде на земјата, знаеме дека ќе гледате одозгора“, вели Луке.
Ninguna palabra o frase, nos podrá quitar el dolor que tenemos en estos momentos.
— BARCELONA S.C. (@BarcelonaSC) July 16, 2024
El recuerdo que nos deja a todos, será lo que nos dará la fuerza necesaria para salir de esto.
Justin siempre estarás en nuestros corazones 💛💛💛.
Descansa en paz amigo 🧤.
Te queremos… pic.twitter.com/x03hS6H4ZP
Клубот излезе со соопштение во кое се прости и од својот млад фудбалер.
„Нема зборови или фрази кои можат да ја одземат болката што ја чувствуваме во овој момент. Сеќавањето што го остави зад себе ќе ни даде сила заедно да го пребродиме ова. Џастин, засекогаш ќе бидеш во нашите срца. Почивај во мир пријателе. Те сакаме многу“, напишаа од Барселона.
