Трагедија во Нови Сад – најмалку 11 лица загинаа по уривање на настрешница од железничка станица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уривањето на настрешницата го сними безбедносна камера.

Најмалку 11 лица загинаа, многу се повредени. Несреќата се случила на железничката станица во Нови Сад нешто пред 12 часот.

Тешка механизација со часови се обидува да го расчисти паднатиот дел од зградата.

„Акцијата за спасување е во тек. Многу е тешко. Учествуваат над 80 спасувачи од повеќе градови. Со помош на тешка механизација која не е само од министерството за внатрешни работи, од секторот за вонредни ситуации, него и од градските комунални и други јавни претпријатија, па и приватни компании. Исклучително тешка акција која сигурно ќе потрае уште неколку часа“, вели Ивица Дачиќ.

Спасувачките тимови оствариле контакт со две лица кои се заробени под урнатините. Натстрешницата не била предмет на реконструкција во рамки на работите на обнова на железничката зграда, како дел од проектот за изградба на брза пруга Нови Сад – Суботица.

„Најлошо што може да направат е да ги перат рацете и одговорноста да ја префрлаат. Неочекуваме во овие моменти кога емоциите се најсилни, да зборуваме за кривци“, вели Борислав Новаковиќ.

Заводот за трансфузија на крв во Војводина упати итен апел дека се потребни залихи на крв.

Железничкиот сообраќај на станицата во Нови Сад е во прекин, а возовите од Белград сообраќајат до станицата Петроварадин. Обвинителството отвори истрага.