Трагедија: На 32 години почина голманот на ракометниот тим на Порто

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Алфредо Кинтана, голманот на ракометниот тим на Порто, почина денеска после неколку дена борба за ѓивот. Кинтана беше во кома, откако при еден тренинг доживеа срцев удар. Не успеале обидите на лекарите да го спасат во најважната битка.

Кинтана (32) е соиграч на репрезентативецот Никола Митревски во овој тим.

Ракометниот тим Порто ја потврди страшната вест, и го стави логото во црна боја.

„Нашиот драг Алфредо Кинтана почина денеска. Ти ќе бидеш вечно во нашите срца. Вистински змеј. Почивај во мир“, стои на „Твитер“ профилот на Порто.

Кинтана беше роден во Куба, а цели 11 години беше дел од Порто. Беше дел и од португалската репрезентација.