Трагедија на спортски настан во САД: Кладиво излета на трибини и усмрти гледач

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Атлетиски собир во Колорадо Спрингс во Соединетите Американски Држави заврши трагично. Фрлачот на кладиво (чекан) ја пробил заштитната ограда фрлајќи и удрил и усмртил 57-годишен маж, јавува локалната станица ККТВ.

Вејд Лангстон го видел кладивото како лета кон него и неговото семејство како седат на трибините. Ги заштитил, но не можел да се заштити себе, па починал. Според извештаите од САД, на Ленгстон веднаш му била укажана прва помош, но не можел да се спаси. 

Тој починал на лице место. Организаторите на натпреварот за медиумите изјавија дека на митингот биле присутни сите потребни служби, но неговата смрт не можела да се избегне.