51-годишен навивач на Ливерпул, по потекло од Ирска, трагично загина откако во него удри автомобил во Милано, само неколку часа пред натпреварот помеѓу „црвените“ и „росонерите“ во Лигата на шампионите.
Според информациите, навивачот се обидел да стигне до хотелот, каде што резервирал сместување. Успеал да помине три ленти од автопатот, но на крајот починал откако во него удрил автомобил. Во моментот на несреќата, навивачот бил во друштво на две лица за кои се претпоставува дека се татко и син, кои го напуштиле местото пред да пристигне полицијата. Властите сега ги бараат, да ги испрашуваат дека не помогнале.
Ливерпул вечерва игра против Милан во новиот формат на УЕФА Лигата на шампионите, а натпреварот започнува во 21 часот. Локалните власти продолжуваат да ја истражуваат оваа трагедија.