Трагедија: Почина легендарниот хрватски ракометар Златко Сарачевиќ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска во болницата „Др. Томислав Бардек“ во Копривница, на 60-годишна возраст почина легендарниот Златко Сарачевиќ.

Првичните сомнежи биле дека станува збор за срцев удар, а лекарите 40-минути се обидувале да му го спасат животот, но за жал, не успеале.

Златко Сарачевиќ се смета за еден од најдобрите хрватски ракометари на сите времиња, играше на десната бековска позиција, а најголемиот успех го постигна на Олимписките игри во Атланта 1996 година, кога со „коцкестите“ го освои златниот медал.