Трагедија: Со патничко возило удрил во 79-годишно лице во Скопје и побегнал – пешакот починал

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 30.07.2021 во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот А.А.(79) од Скопје и го напуштило местото на незгодата.

Пешакот се здобил со повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им подлегнал на повредите.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.